„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече:…

„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, строго ги предупредил оние што ги подигаат погледите кон небото за време на намазот – било додека доват или во друг момент од молитвата. Во своето предупредување отишол дотаму што ги опоменал и се заканил дека кој го прави тоа може да го изгуби видот ненадејно, без да почувствува – и така да ја изгуби благодатта на гледањето.

فوائد الحديث

Убавиот начин со кој Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, повикувал кон вистината, така што не го посочувал јавно оној што згрешил, бидејќи целта била појаснување на вистината – и таа цел била постигната. Воедно, со тоа се прикрива грешката на тој што згрешил, што го олеснува прифаќањето на советот.

Категорична забрана и силна опомена за оној што го подига погледот кон небото за време на намазот.

Во книгата „Аунул-Маʿбуд“ се вели: „Причината за оваа забрана е што оној што го подига погледот кон небото – се одвраќа од киблата и ја нарушува смирената положба што му доликува на намазот.“

Подигањето на погледот ја нарушува смиреноста и понизноста во намазот.

Великата важност на намазот налага оној што клања да го извршува со највисока почит, достоинствено и соодветно однесување кон Возвишениот Аллах.

التصنيفات

Грешките на клањачите