إعدادات العرض
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија
Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија. Му рекоа – или јас му реков: ,Зашто не купиш едно магаре за да можеш да јаваш во темнината и при жештината?‘ Тој одговори: ,Не би сакал ни мојата куќа да е покрај самата џамија. Сакам моето пешачење кон џамијата и враќањето дома да ми бидат запишани како добри дела.‘ На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Аллах ти го запиша сето тоа.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල Hausa Kurdî Tiếng Việt Magyar ქართული Kiswahili Română অসমীয়া ไทย Português मराठी دری አማርኛ ភាសាខ្មែរ ગુજરાતી Nederlandsالشرح
Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден енсарија живееше во една од најоддалечените куќи од Пратениковата џамија, но не пропушташе ниту еден намаз – секогаш клањаше со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Некои му рекоа: „Зошто не купиш магаре, за да јаваш навечер во темнината и преку ден по жешката земја?“ Тој одговори: „Не би сакал ниту мојата куќа да е веднаш до џамијата. Сакам Аллах да ми го запише секое мое одење кон џамијата и секое враќање кај семејството.“ Кога овие зборови стигнаа до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: „Аллах ти го запиша сето тоа.“فوائد الحديث
Силната желба на асхабите за добри дела, за зголемување на нивните награди и постигнување поголема награда на Ахиретот.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис потврдува дека секој чекор при враќањето од намаз носи со себе награда, исто како и чекорите при одењето кон џамијата.“
Муслиманите треба да се советуваат меѓусебно за добро и да се поттикнуваат на праведност. Оној што ќе забележи дека неговиот брат трпи потешкотија, нека му укаже на начин за да ја отстрани или олесни.
Оддалеченоста на куќата од џамијата не е изговор за изоставување на намазот во џемат, сè додека се слуша езанот.
التصنيفات
Вредноста и убавината на исламот