„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“

„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека вистинскиот живот е само Ахиретскиот – во Аллаховото задоволство, Неговата милост и Неговиот Џенет. Животот на овој свет е минлив и краткотраен, а животот на Ахиретот е вечен и траен. Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, направил дова за прошка, почест и добрина за енсариите – оние што го примија, му помогнаа, ги поддржаа мухаџирите и го поделија со нив својот имот – како и за мухаџирите кои ги оставија своите домови и имоти барајќи ја Аллаховата милост и Неговото задоволство.

فوائد الحديث

Зухдот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во однос на дуњалукот и неговата целосна посветеност на Ахиретот.

Поттикот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за неговиот умет да се оддалечат од минливите уживања на овој свет.

Истакнување на доблеста на мухаџирите и енсариите, бидејќи тие беа почестени со довата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да им се простат можните гревови.

Верникот не треба да се радува на она што ќе го добие од овој свет, бидејќи тоа е брзо минливо и проследено со непријатности; вистинскиот и траен живот е Ахиретот.

التصنيفات

Осудување на љубовта кон овој свет