Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа

Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа

Од Ебу Месуд ел Енсари, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Еден човек дојде кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му рече: ‚Животното кое го јавав, настрада, па дај ми друго!‘ Пратеникот му рекол: „Немам што да ти дадам“. Потоа се појави друг човек, велејќи: „Алахов пратенику, ќе го упатам кај некој што ќе му даде.“ Аллаховиот пратеник тогаш рече: „Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дошол некој човек и му рекол: „Моето животно за јавање настрада, дај ми друго животно, кое ќе ме носи.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се извини и му кажа дека нема такво нешто, тогаш друг човек кој беше присутен кажа: „О, Аллахов пратенику, јас ќе го упатам каде може да добие животно за јавање.“, а Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му кажа дека тој ќе биде награден како и оној што ќе го даде животното за јавање, и ќе имаат иста награда, бидејќи овој првиот го насочил човекот со потреба кон другиот кој таа потреба може да му ја исполни.

فوائد الحديث

Поттик да упатуваме кон добрина.

Поттик да се прават добри дела е причина на компактност и надополнување на едно муслиманско општество.

Големината и бројноста на Аллаховите благодати.

Хадисот е општо правило, и со истото се опфатени сите добри дела.

Ако некој не може да ја исполни потребата на оној што бара, ќе го упати кон некој друг (кој тоа го може).

التصنيفات

Добри морални особини