„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата…

„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“

Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека кај него дошол еден мукатеб (роб што склучил договор за свој откуп) и му рекол: „Не можам да ја исполнам обврската за својот откуп – помогни ми!“ Али му рекол: „Сакаш ли да те научам на зборови со кои ме поучи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем? – Дури и ако имаш долг колку што е планината Сир, Аллах ќе ти го отплати.“ А потоа му рече: „Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“

[حسن] [رواه الترمذي - رواه أحمد]

الشرح

Еден човек, роб што склучил договор со својот сопственик да се откупи и стане слободен, дошол кај владетелот на верниците, Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, и рекол: „Не можам да ја исполнам обврската за откуп – помогни ми да го исплатам долгот, било со пари, било со совет и упатство.“ Владетелот на верниците му рекол: „Сакаш ли да те научам на зборови со кои ме поучи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем? – Дури и ако имаш долг голем колку планината Сир, што припаѓа на племето Тај, Аллах ќе го отплати за тебе и ќе те избави од понижувањето што го носи долгот. Кажи: „О, Аллах, направи да ми биде доволно“ – т.е. заштити ме и оддалечи ме „дозволеното што Ти го дозволи“ – т.е. да ми биде доволно „од“ – т.е. за да не паднам во „она што Ти си го забранил и направи ме независен“ – т.е. ослободи ме од потреба „со Твојата дарежливост“ – т.е. со Твојата благодат „од секој друг освен од Тебе“ – т.е. да не зависам од ниту едно од созданијата.

فوائد الحديث

Поттик за консултирање и барање мислење од учени и побожни луѓе.

Должност на учените и повикувачите кон Аллах е да ги упатуваат оние што им се обраќаат и да ги насочуваат кон решенија што ќе им помогнат при појавата на тешкотии и проблеми.

Поттик за помош на мукатебот – роб што склучил договор за сам да се откупи.

Поттик за кажување на оваа дова и искрено барање од Аллах преку неа.

Халал зарабоката, дури и ако е мала, е подобра и поблагословена од харамот, дури и ако е обилен (харамот).

Човекот треба да се стреми кон независност од луѓето и доволен да му биде единствено Аллах.

Кога немаш што да му дадеш на оној што бара, барем одговори му љубезно и со убаво одбивање.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови