Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“

Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“

Убаде бин Самит, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во Џенетот има сто степени, а растојанието меѓу секои два степена е колку растојанието меѓу небото и Земјата. Највисокиот од нив е Фирдевс – од него извираат четирите џенетски реки, а над него се наоѓа Аршот (Божјиот Престол). Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“

[صحيح] [رواه الترمذي]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека во Џенетот има сто степени, а растојанието меѓу секои два е колку растојанието меѓу небото и Земјата. Највисокиот меѓу нив е Фирдевс – од него извираат четирите џенетски реки, а над него се наоѓа Аршот. Затоа, кога го молите Аллах – барајте Фирдевс, зашто тој е над сите степени на Џенетот.

فوائد الحديث

Степените на жителите на Џенетот се разликуваат според нивниот иман и добрите дела.

Поттик да се бара од Аллах највисокото место во Џенетот.

Фирдевсот е највисокиот и најдобриот дел од Џенетот.

Муслиманот треба да тежнее кон високи цели – да се залага и да се надева на највисоките степени кај Аллах.

Четирите џенетски реки се: вода, млеко, вино и мед – спомнати во зборовите на Возвишениот:

„Примерот за Џенетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед.“ (Мухамед, 15)

التصنيفات

Верувањето во последниот ден, Ахиретскиот - вечниот живот, Довите пренесени во верските текстови