إعدادات العرض
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Bahasa Indonesia Kiswahili Hausa සිංහල English ગુજરાતી Magyar ქართული Română Русский Português ไทย తెలుగు मराठी دری Türkçe አማርኛ বাংলা Kurdî Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека доколку луѓето би знаеле колкава е вредноста, добрината и бериќетот што се крие во езанот и првиот ред на намазот – и доколку би немале друг начин да го добијат освен преку фрлање ждрепка за тоа кој има поголемо право – сигурно би фрлале ждрепка. Кога би знаеле колкава е наградата за рано доаѓање на намаз –би се натпреварувале кој побрзо ќе пристигне. И кога би знаеле што се крие во јацискиот и сабахскиот намаз – би доаѓале на нив дури и ползејќи на колена, како што ползи малото дете .“فوائد الحديث
Укажување на големата вредност на езанот.
Укажување на вредноста на првиот ред и близината до имамот.
Поттик за рано доаѓање на намазот во неговото препорачано време, поради неговата огромна вредност и бројните придобивки – како што се: заземање на првиот ред, учество во намазот од самиот почеток, извршување на нафили, учење Куран, користа на дови и истигфар од мелеците, како и тоа дека човекот се смета дека е во намаз сè додека го чека намазот – и многу други добрини.
Силен поттик за присуство на јацискиот и сабахскиот намаз во џемат, бидејќи тие се потешки за човек поради прекинувањето на сонот – на неговиот почеток и крај – и токму затоа тие два намаза беа и се најтешки за лицемерите.
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ дека е дозволено користење ждрепка во ситуации кога за одредено право има голем број кандидати или постои опасност од расправија.“
Вториот ред е подобар од третиот, третиот од четвртиот – и така по редослед.