„Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“

„Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“

Мугире бин Шубе, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Скогаш ќе постои група од мојот умет што јасно ќе ја следи вистината – сè додека не дојде Аллаховата одредба, и тие ќе останат во таа состојба.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека секогаш ќе постои група од неговиот умет што ќе остане на вистината, ќе биде над другите и ќе има надмоќ над оние што им се спротивставуваат – сè до моментот кога Аллаховата одредба ќе настапи и нивните души ќе бидат земени пред самиот крај на овој свет, пред настапувањето на Судниот ден.

فوائد الحديث

Ова е една од муџизите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи овој опис важи – со Аллахова помош – од неговото време па сè до денес, и ќе остане така сè додека не настапи Аллаховата одредба спомната во хадисот.

Укажување на величината на истрајноста во вистината и доследното придржување кон неа, како и поттик за такво однесување.

Надмоќта и доминацијата на верата се остваруваат на два начина:

1. Преку јасни аргументи, докази и објаснувања – и тоа останува трајно, бидејќи доказот на исламот е Куранот, кој е јасен и надмоќен над сè друго.

2. Преку сила и борба – што зависи од степенот на иманот и помошта и надмоќта што Аллах ќе им ја даде на муслиманите на Земјата.

التصنيفات

Characteristics of the People of the Sunnah and the Community