„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа

„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа

Осман еш-Шехам раскажува: Јас и Феркад ес-Себехи отидовме кај Муслим бин ебу Бекре, додека беше на своето земјиште. Влеговме кај него и го прашавме: Дали си слушал од татко ти хадис за фитните (искушенијата и нередите)? Тој одговори: Да, го слушав Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него, како раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа. Кога ќе се појави или ќе избие, оној што има камили – нека оди кај нив, оној што има овци – нека оди кај нив, а оној што има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: „О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ниту камили, ниту овци, ниту земја?“ Одговори: „Нека го земе својот меч, нека удри по острицата со камен (за да ја скрши), и нека се обиде да се спаси – ако може да се спаси. О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни (војски), па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тој ќе го сноси и својот и твојот грев, и ќе биде од жителите на Огнот.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Осман еш-Шехам и Феркад ес-Себехи го прашале Муслим бин Ебу Бекре, синот на угледниот асхаб Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него: „Дали си слушал хадис од татко ти за фитните и за меѓусебната борба што ќе се случи меѓу муслиманите?“ Тој одговорил: „Да. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека по неговата смрт ќе се појават фитни. Во тие фитни, подобар е оној што седи, незаинтересиран за нив, од оној што оди во нив; а подобар е оној што оди и ги избегнува, од оној што намерно се упатува кон нив и учествува.“ Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го упатилсекој што ќе го затекнат тие фитни во неговото време – ако има прибежиште, нека се повлече таму. Рече: „Кој има камили – нека оди кај нив; кој има овци – нека оди кај нив; кој има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: ,,О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ни камили, ни овци, ни земја?" Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Нека го земе своето оружје, нека го скрши за да не може да го користи, и нека се обиде да побегне и да се спаси себеси и своето семејство – ако може да се спаси.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, трипати рече: „О, Аллах, дали ја пренесов пораката? О, Аллах, дали ја пренесов пораката? О, Аллах, дали ја пренесов пораката?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни, па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Тој одговори: „Тој ќе го сноси и својот грев и твојот – и ќе биде еден од жителите на Оганот.“

فوائد الحديث

Известувањето за појавата на фитните има за цел да ги предупреди луѓето и да ги поттикне да се подготват – за да не се впуштаат во нив, туку да го молат Аллах за трпение и спас од нивното лошо.

Имамот Ен-Невеви вели: „Зборовите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Оној што седи е подобар од оној што стои...‘ – укажуваат на сериозноста и опасноста од фитните, и на потребата да се избегнуваат и да се бега од нив. Колку повеќе човекот се вплеткува, толку се зголемува опасноста и искушението за него.“

Тој, исто така, вели: „Кога човек е присилен само да присуствува во време на фитна, не носи грев за самото присуство. Но, доколку биде присилен да убие – убиството не е дозволено дури ни со присила, и ќе биде грешен ако го стори тоа – според консензусот на учените.“

Ибн Хаџер вели: „Некои учени велат: ако една група се побуни против имамот (врховниот владетел), одбивајќи да ги исполнува своите обврски и започне војна – тогаш обврска е имамот да војува против неа. Исто така, ако две групи муслимани започнат меѓусебна борба, секој што е способен е должен да го спречи оној што греши и да го поддржи оној што е во право. Ова е ставот на мнозинството учени.

Други, пак, прават разлика и велат: кога борбата се случува во време кога нема имам кој обединува – тогаш секое војување е забрането, и хадисите од оваа тема треба да се разберат во тој контекст.“

Имамот Ен-Невеви вели:

„Учените имаат различни мислења околу учеството во борба за време на фитна. Некои велат дека не е дозволено да се учествува во вооружени судири меѓу муслиманите – дури и ако влезат во неговата куќа и се обидат да го убијат, не му е дозволено да се брани, бидејќи напаѓачите дејствуваат врз основа на лично толкување.

Ова е ставот на асхабот Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него, и други учени.

Ибн Омер, Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со нив, и други велат: не треба да се влегува во фитна, но ако некој биде нападнат, дозволено е да се брани.

Овие две мислења се согласуваат во основата – дека не смее да се влегува во ниту една фитна меѓу муслиманите.

Повеќето асхаби, табиини и мнозинството исламски учени сметаат дека е обврска да се поддржи оној што е во право во време на фитна и да се бори заедно со него против зулумќарите – како што вели Возвишениот:

„Тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи.“ (Ел-Хуџурат, 9).

Ова е најисправното мислење.

А хадисите што забрануваат учество во фитна треба да се разберат во контекст на ситуации каде не е јасно кој е во право, или кога двете страни се зулумќари, без оправдано толкување за ниту една од нив.“

التصنيفات

Побуна против владателот