إعدادات العرض
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“ Ебу Хурејре потоа рече: „Ако сакате, цитирајте го ајетот: ,И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.‘“ (Ес-Сеџде, 17)
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili Hausa සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română Português ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах рекол: „За Моите добри робови во Џенетот подготвив почест каква што окото не видело, увото не чуло, и никогаш на такво нешто не помислил умот на ниту еден човек.“ Потоа Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рече: Ако сакате, (доказ) прочитајте го ајетот: „И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.“ (Ес-Сеџда, 17)فوائد الحديث
Овој хадис, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Аллах, се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е објавен како предизвик за сите луѓе и некои други специфичности.
Поттик за вршење добри дела и напуштање на забранетото, со цел да се заслужи она што Аллах го подготвил за Своите добри робови.
Возвишениот Аллах не нè известил – ниту во Неговата Книга, ниту преку Својот пратеник – за сè што се наоѓа во Џенетот; а она што не го знаеме е уште поголемо и посовршено од она што го знаеме.
Укажување на совршенството на џенетските уживања – во кои ниту една форма на мака, непријатност и вознемиреност.
Задоволства на овој свет се минливи – а Ахиретот е подобар и вечен.
التصنيفات
Опис на Џенетот и Џехене