إعدادات العرض
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода
Од Укбе бин Амир ел-Џухени, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода: – кога Сонцето изгрева сè додека добро не се издигне над хоризонтот, – кога Сонцето е во зенит – сè додека не започне да се наклонува кон запад, – и кога Сонцето започнува да заоѓа – од моментот кога започнува да се навалува кон хоризонтот, сè до неговото целосно заоѓање.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português Tiếng Việt Kiswahili Nederlands অসমীয়া ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Română ไทย తెలుగు मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил во три периоди од денот да се клања доброволен намаз или да се врши закоп на починатите: Првиот период е веднаш по изгрејсонце – од моментот кога Сонцето ќе се појави над хоризонтот, па сè додека не се издигне во висина од едно копје, што се смета за приближно 15 минути. Вториот период е кога Сонцето се наоѓа точно во зенит – односно на средината на небото, не правејќи сенка ниту на исток ниту на запад – сè додека не почне да се наклонува и да се појави сенка од источната страна, што го означува почетокот на времето за пладневниот намаз. Овој период е краток – трае околу 5 минути. Третиот период е пред зајдисонце – од моментот кога Сонцето почнува да се спушта кон хоризонтот, па сè до неговото целосно заоѓање.فوائد الحديث
Временските периоди во кои е забрането клањање, како што се наведува во овој и други хадиси, се следниве:
1. По сабахскиот намаз – сè до изгрејсонце.
2. Во моментот кога изгрева Сонцето – сè додека не се издигне на висина од едно копје, според видното поле, што трае приближно 15 минути.
3. Кога Сонцето е во зенит – односно кога не прави сенка ни на исток ни на запад, сè додека не започне да се наклонува, што трае околу 5 минути.
4. По икиндискиот намаз – сè до зајдисонце.
5. Кога Сонцето ќе пожолти – па сè до неговото целосно заоѓање.
Забраната за клањање во овие пет временски периоди не се однесува на задолжителните намази и на намазите кои имаат конкретен шеријатски повод.
Исто така, не е дозволено намерно одложување на закопот на починатиот до овие три кратки периоди спомнати во хадисот, додека во сите други делови од денот или ноќта закопувањето е дозволено.
Мудроста зад забраната за клањање во овие времиња: Основата е муслиманот да се покорува на Аллаховите наредби и да се воздржува од Неговите забрани како чин на ибадет, без да ја условува својата покорност со претходно разбирање на причината или мудроста зад нив. Обврска му е да се потчини и покори.
А во други хадиси е пренесена и самата мудрост:
– Прво: во периодот непосредно пред настапувањето на времето за пладневниот намаз, Џехенемот се распалува со особена сила.
– Второ: забраната за клањање при изгрејсонце и зајдисонце е поради сличноста со праксата на многубошците, кои му се поклонуваат на Сонцето токму во тие моменти.
– Трето: забраната за клањање по сабах до изгрејсонце и по икиндија до зајдисонце е со цел да се затвори патот кон поистоветување со неверниците – за муслиманот да не им наликува во нивното идолопоклонство, бидејќи тие му се клањаат на Сонцето во тие периоди.
التصنيفات
Времиња во кој намазот е забранет