„Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“

„Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“

[صحيح] [رواه أحمد]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека нема да влезе во Огнот оној кој учествувал во битката на Бедр, која се случила во втората година според хиџрата – и се борел заедно со него, како и оној кој присуствувал на договорот кај Худејбија во шестата година. Овој договор беше повод за заклетвата Ридван, за која Аллах изрази задоволство од нејзините учесници.

فوائد الحديث

Во хадисот е истакната големата вредност на учесниците на Бедр и Худејбија, и радосната вест дека тие нема да влезат во Огнот.

Хадисот појаснува дека Возвишениот Аллах ќе ги заштити од неправда, ќе им овозможи да умрат со иман, и ќе ги внесе во Џенетот без претходна казна. Таа е Аллаховата благодат којашто ќе му ја даде на тој што Тој сака; а кај Аллах има голема благодат.

التصنيفات

Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, Степени на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив., Одликите на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив