إعدادات العرض
Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил воена единица и поставил за водач еден човек од енсариите, наредувајќи им на другите да му бидат послушни. Еднаш тој се разгневил и им рекол: ,Зарем Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ви нареди да ми бидете послушни?’ Тие рекоа: ,Да.’ Тогаш им нареди: ,Соберете дрва!’ – и тие собраа. Потоа рече: ,Запалете оган!’ – и запалија. Потоа рече: ,Влезете во него!’ Тие намислија да влезат, но едни почнаа да ги задржуваат другите, велејќи: ,Ние му прибегнавме на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, токму бегајќи од огнот.’ Така останаа додека огнот не изгасна, а неговиот гнев се смири. Кога веста стигна до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: ,Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
الترجمة
العربية বাংলা دری Português Tiếng Việt Magyar ქართული ไทย Bahasa Indonesia Kurdî Hausa অসমীয়া English ગુજરાતી Nederlands Kiswahili ਪੰਜਾਬੀ Tagalog ភាសាខ្មែរ සිංහලالشرح
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил воена единица и поставил за нив како водач еден човек од енсариите, наредувајќи им да му бидат послушни. Во еден момент водачот се разгневил и им рекол: „Зарем Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ви нареди да ми бидете послушни?“ Тие одговорија: „Да.“ Тогаш рече: „Ви наредувам да соберете дрва, да запалите оган и да влезете во него.“ Тие собраа дрва и запалија оган, но кога намислија да влезат во него, почнаа да се гледаат меѓусебе и рекоа: „Ние го следиме Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, токму за да се спасиме од огнот – па како сега да влеземе во него?“ Додека така расправаа, огнот се изгаси, а гневот на водачот се смири. Кога ова му беше пренесено на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: „Ако го послушаа и влезеа во огнот што го запалија, ќе беа казнети во него и немаше да излезат додека трае овој свет. Нема послушност кон созданието во непослушност кон Создателот. Послушноста важи само во она што е добро, а не во грев.“فوائد الحديث
Појаснување дека послушноста важи само во она што е добро, а не во грев – дури и кога надредениот е личност кон која постои обврска за послушност.
Грешникот монотеист е предупреден со огнот, но Аллах може да му прости.
Пропишаноста на назначување водач во воена мисија, како и при патувања.
