„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него

„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него. Кој ќе испие отров и така ќе се убие – во Џехенемот ќе го држи отровот во раката и постојано ќе го пие, останувајќи во него засекогаш. А кој ќе се убие со железо (нож или друг остар предмет) – со истото железо ќе се боде себеси во стомакот, вечно престојувајќи во Џехенемот.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил дека оној што намерно ќе се убие во овој свет – на Судниот ден ќе биде казнет во Џехенемот на ист начин на кој се убил себеси, како заслужена и праведна казна. Па така: – Кој ќе се фрли од планина и се убие – ќе паѓа во Џехенемот од неговите височини до неговите бездни, вечно престојувајќи во него. – Кој ќе испие отров и се убие – ќе го држи отровот во раката и ќе го пие во Џехенемот, вечно престојувајќи во него. – А кој ќе се убие со железо, бодејќи го својот стомак – со истото железо ќе се боде и во Џехенемот, засекогаш престојувајќи во него.

فوائد الحديث

Забрането е човек да се убие себеси, и тоа спаѓа меѓу големите гревови за кои следува болна казна.

Во хадисот се спомнати само некои примери на самоубиство, но казната важи за секој облик – секој што ќе се убие, ќе биде казнет на ист начин како што се убил себеси. Во „Сахих ел-Бухари“ се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се задави себеси – ќе се дави во Огнот; и кој ќе се прободе – ќе се прободува во Огнот.“

Имамот Невеви рекол: „Околу зборовите на Пратеникот: ,ќе остане вечно во Џехенемот‘ – постојат неколку мислења:

1. Ова се однесува на оној што го направил тоа сметајќи дека е дозволено, иако знае дека е забрането – а тоа е неверство, поради што ќе биде вечно во Оганот.

2. Зборот ,вечно‘ значи долготрајност, а не вистинска вечност – слично како кога се вели: ,Нека му биде вечна власта на султанот.‘

3. Ова е казната што вистински ја заслужува, но Возвишениот Аллах, со Негова милост, известил дека никој што умрел како муслиман нема да остане засекогаш во Огнот.“

Ова укажува дека ахиретските казни одговараат на делата направени на дуњалукот. Од ова се разбира дека самоубиството е исто толку тежок грев како и убиството на друг човек – бидејќи човекот не е сопственик на својата душа, туку таа му припаѓа на Аллах, и не смее да постапува со неа освен според она што Аллах го дозволил и пропишал.

التصنيفات

Кривични дела, Осудување на гревовите