إعدادات العرض
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“
Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“ Имран рекол: „Не знам дали спомна две или три генерации.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додал: „По вас ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да бидат достојни за доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани за сведоци; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и кај нив ќе се рашири дебелината.“
الترجمة
العربية Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Bahasa Indonesia Kiswahili Hausa සිංහල English ગુજરાતી Magyar ქართული Română Русский Português ไทย తెలుగు मराठी دری Türkçe አማርኛ বাংলা Kurdî Malagasyالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека најдобрата генерација од луѓето што живееле во исто време е неговата генерација – генерацијата на асхабите. Потоа доаѓаат верниците што ги доживеале асхабите, но не го доживеале Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа генерацијата на таби табиините. А асхабот кој го пренесува хадисот се двоумел дали Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, спомнал и четврта генерација по нив. Потоа рекол: „По нив ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да заслужуваат доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани да сведочат; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и ќе живеат во изобилство од јадење и пиење, сè додека кај нив не се рашири дебелината.“فوائد الحديث
Најдобриот век и најдобрата генерација во историјата на човештвото се генерацијата во која живеел Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби. Во Сахих Ел-Бухари е забележано дека тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Бев испратен во најдобрите генерации од синовите на Адем – генерација по генерација – сè додека не се најдов во генерацијата во која бев.“
Ибн Хаџер вели: „Овој хадис укажува дека асхабите се подобри од табиините, а табиините од таби табиините. Но, дали оваа предност се однесува на целите генерации или на поединци – тоа е предмет на расправа. Поголемиот дел од учените се наклонети кон второто мислење.“
Ова е поттик да се следи патот на првите три генерации – бидејќи колку што некој е поблиску до времето на објавата, толку е подобар, поучен и подостоен за следење на упатството (патот) на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.
Завет (незр): Тоа е кога шеријатскиот обврзник сам себеси се задолжува со извршување на определено добро дело кое шеријатот не го направил задолжително – преку секој израз што укажува на тоа.
Прекор за изневерување, неисполнување на завет и прекумерна врзаност за дуњалукот (овој свет).
Осуда за сведочење без да се биде повикан – ако сопственикот на правото е свесен за тоа. А ако не е свесен, тогаш тоа спаѓа во значењето на зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем:
„Сакате ли да ви кажам кој е најдобриот сведок? – Тој што сведочи пред да биде побаран.“ (Муслим)