„Злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица, јачмен за јачмен, урми за урми и сол за сол – сè со иста мера, подеднакво, и од рака во рака. А ако разменувате…

„Злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица, јачмен за јачмен, урми за урми и сол за сол – сè со иста мера, подеднакво, и од рака во рака. А ако разменувате различни видови, тогаш продавајте како што сакате – но само ако е со непосредна испорака,од рака во рака.“

Убаде бин Самит, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица, јачмен за јачмен, урми за урми и сол за сол – сè со иста мера, подеднакво, и од рака во рака. А ако разменувате различни видови, тогаш продавајте како што сакате – но само ако е со непосредна испорака,од рака во рака.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснил како правилно да се тргува со шесте категории добра кои подлежат на камата: злато, сребро, пченица, јачмен, урми и сол. Ако размената се врши меѓу ист вид, на пример – злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица – тогаш мора да се исполнат два услова: 1. Изедначеност во количина – ако се мери на вага (како златото и среброто), тогаш мора да бидат подеднакви по тежина; ако се мери со количинска мерка (како пченицата, јачменот, урмите и солта), тогаш мора да бидат еднакви и по таа мерка. 2. Непосредна размена – односно, и двете страни треба да ја предадат стоката и нејзината противвредност на самото место, во рамките на истиот состанок на кој е склучен договорот. Ако размената се врши меѓу различни видови – како злато за сребро или урми за пченица – тогаш не е задолжителна еднаквост во количината, но мора да се исполни еден услов: размената да се изврши веднаш, лице в лице, без одлагање. Ако овој услов не се исполни, продажбата е неважечка, и обајцата – и продавачот и купувачот – вршат забранет облик на камата.

فوائد الحديث

Објаснување за видовите добра на кои се применува прописот за камата, како и правилниот начин на нивна продажба.

Забрана за тргување со камата.

Хартиените пари го имаат истиот пропис како златото и среброто во поглед на причината што доведува до камата.

Тргувањето со шесте категории добра за кои се применува прописот за камата има неколку случаи:

1. Размена на ист вид, како злато за злато или урми за урми – во овој случај, за трансакцијата да биде дозволена, мора да се исполнат два услова:

– еднаквост по тежина или по количинска мерка,

– непосредна размена, односно предавање на добрата и нивната противвредност на иста средба.

2. Размена на различни видови со иста причина за камата, како злато за сребро, или пченица за јачмен – овде се бара само еден услов а тоа е непосредна размена, и не се бара еднаквост во количина.

3. Размена на различни видови со различна причина, како злато за урми – во овој случај, не се бара ниту еднаквост, ниту непосредна испорака.

Кога се тргува со добра што не подлежат на камата, или ако само едното подлежи, а другото не – тогаш не се поставуваат услови ниту за еднаквост, ниту за непосредна размена. Пример: продажба на недвижен имот за злато.

التصنيفات

Камата