„Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата?

„Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата?

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Али бин Ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, му испрати на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, парче злато од Јемен, завиткано во штавена кожа со лисја од дрво карад, кое сè уште не беше исчистено од прав. Тој го подели меѓу четворица: Ујејне бин Бедр, Екра бин Хабис, Зејд ел-Хајл, а четвртиот бил или Алкаме или Амир бин Туфејл. Тогаш еден човек од асхабите рече: „Ние имавме поголемо право на ова од овие луѓе!“ Ова стигна до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па рече: „Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата? Доаѓаат до мене вести од небесата – секое утро и секоја вечер!“ Потоа стана еден човек – со втиснати очи, нагласени јаболчници, истакнато чело, густа брада, избричена глава и подвиткан изар – и рече: „О Аллахов пратенику, плаши се од Аллах!“ Пратеникот му одговори: „Тешко тебе! Кој е подостоен да се плаши од Аллах ако тој не сум јас?!“ Потоа човекот се повлече, а Халид бин Велид рече: „О Аллахов пратенику, дозволи ми да му ја отсечам главата?“ Тој одговори: „Не – можеби тој клања.“ Халид рече: „Колкумина клањаат, а зборуваат нешто што не го носат во срцето!“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не ми е наредено да им навлегувам на луѓето во срцата, ниту да им ја отварам внатрешноста.“ Потоа го погледна човекот додека си заминуваше и рече: „Од неговото потомство ќе се појави народ што ќе го чита Куранот со убав изговор, но тој нема да им помине подалеку од нивните грла. Ќе излезат од верата како што стрелата излетува од телото на дивечот.“ - А мислам и дека рече: „Ако ги затекнам, ќе ги убивам како што беа убивани луѓето од народот на Семуд.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, му испратил на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, парче злато од Јемен, завиткано во обработена кожа со лисја од дрво карад, но сè уште не беше исчистено од правот на земјата. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го подели тоа злато меѓу четворица: Ујејне бин Бедр ел-Фезари, Екра бин Хабис ел-Ханзали, Зејд ел-Хајл ен-Небхани, и Алкаме бин ʿУлате ел-ʿАмири. Тогаш еден човек од асхабите рече: „Ние имавме поголемо право на ова (овој подарок) отколку овие луѓе!“ Кога ова стигна до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: „Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата?! До мене доаѓа вест од небесата – секое утро и секоја вечер.“ Тогаш стана еден човек – со очи длабоко втиснати во очните шуплини, високи и изразени јаболчници, високо чело, густа но кратка брада, избричена глава и со во рака подвиткан изар – и рече: „О Аллахов пратенику, плаши се од Аллах!“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Тешко тебе! Кој е подостоен да се плаши од Аллах, ако тоа не сум јас?!“ Потоа човекот се сврте и си замина. Тогаш Халид бин Велид рече: ,,О Аллахов пратенику, да му ја отсечам главата?“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Не – можеби тој клања.“ Халид рече: „Колкумина има што клањаат, а зборуваат со јазикот нешто што не го носат во срцето!“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не сум пратен за да ги отворам срцата на луѓето, ниту да им ги отварам градите. Наредено ми е да постапувам според она што е јавно и видливо.“ Потоа го погледна човекот додека си заминуваше и рече: „Од потомството на овој човек – или од неговите следбеници, или од неговото племе – ќе произлезе народ што ќе го чита Аллаховиот Куран со убав и јасен изговор, нивните јазици ќе бидат влажни од неговото рецитирање, но Куранот нема да им помине подалеку од грлата – нема да продре до срцата, ниту ќе ги исправи. Аллах нема да ги возвиши, ниту ќе ги прифати. Ќе излезат од исламот така лесно и брзо како што стрелата продрува и излегува од телото на дивечот.“ Мислам и дека додаде: „Ако ги затекнам кога ќе излезат да војуваат со меч против муслиманите – ќе ги убивам жестоко, како што беа убивани луѓето од народот на Семуд.“

فوائد الحديث

Благостa и трпението на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, при поднесувањето на навредите.

Потврда за неговата веровесничка мисија, и дека сè што му било дадено е објава од Аллах.

Луѓето се судат според надворешноста, додека нивната внатрешност му се препушта на Аллах.

Големата важност на намазот и неговото место во верата – оној што клања не смее да биде убиен освен со основа потврдена во исламот.

Опасноста од харииџиите – и дека ако започнат борба, дозволено е да им се пружи отпор за да се спречи нивното зло.

Ен-Невеви рекол: ,,Поттик на борба против нив и вредноста на Али, Аллах нека е задоволен со него, поради неговата борба против нив.“

Важноста на размислувањето/медитирањето за Куранот, неговото правилно разбирање, спроведување и цврсто држење за него.

التصنيفات

Поранешни секти и правци