إعدادات العرض
„Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
„Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Кај мене дојде една сиромашна жена, носејќи ги своите две ќерки. Ѝ дадов три урми. Таа им даде по една урма на ќерките, а третата ја приближи кон устата за да ја изеде. Но ќерките и од неа посакаа, па таа ја преполови и им ја подели. Нејзината постапка многу ме восхити, па му го раскажав тоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој рече: „Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt Hausa Kurdî Kiswahili Magyar ქართული සිංහල Română অসমীয়া ไทย Português मराठी ភាសាខ្មែរ دری አማርኛ ગુજરાતી Nederlandsالشرح
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува дека една сиромашна жена, носејќи ги своите две ќерки, дошла кај неа и побарала нешто. Аиша ѝ дала три урми. Жената им дала по една урма на ќерките, а третата ја приближила кон устата за да ја изеде. Но, двете ќерки ја посакале и таа урма, па жената ја преполовила и им ја поделила. Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, многу се восхитила со нејзината постапка и му го раскажала тоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој рекол: „Аллах со таа нејзина постапка ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“فوائد الحديث
Вредноста на садаката, дури и кога е мала – и дека таа укажува на искреноста на верникот во неговиот иман кон Господарот и неговата убеденост во Неговото ветување и дарежливост.
Силната мајчинска сомилост кон децата и нејзиниот страв да не им се случи нешто лошо.
Вредноста на претпочитањето на другите пред себе, милоста кон децата – особено кон ќерките – и дополнителната добрина и нежност кон нив; сето тоа е причина за влез во Џенетот и спас од Огнот.
Не треба да се потценува малата садака поради нејзината скромност; верникот треба да дава колку што може – било малку или многу.
Хадисот ја отсликува состојбата на куќите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговиот скромен живот – до степен што понекогаш немало ништо за јадење освен една или три урми.
التصنيفات
Вредностите на добрите дела