„О Аиша, Аллах е Благ и ја сака благоста. Тој го дарува за благоста она што не го дарува за грубоста и за благоста го дарува она што не го дарува за ништо друго.“

„О Аиша, Аллах е Благ и ја сака благоста. Тој го дарува за благоста она што не го дарува за грубоста и за благоста го дарува она што не го дарува за ништо друго.“

Мајката на верниците и сопругата на Божјиот пратеник, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Аиша, Аллах е Благ и ја сака благоста. Тој го дарува за благоста она што не го дарува за грубоста и за благоста го дарува она што не го дарува за ништо друго.“

[صحيح] [رواه مسلم - متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја поттикнал мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, на благост. Аллах е Благ кон Своите робови – сака за нив леснотија, а не тешкотија, и не ги задолжува со нешто што е над нивната сила. Тој сака од Својот роб да биде кроток и благ, да ги избира лесните и убави постапки, а да не биде груб, суров и жесток. Севишниот Аллах преку благоста и нежноста дарува во овој свет многу повеќе отколку преку грубоста: убав спомен кај луѓето, постигнување на целите и олеснување на патиштата. А на Ахиретот – голема награда и возвишена положба. Навистина, со благоста доаѓа она што со ништо друго не доаѓа.

فوائد الحديث

Поттик на благост и забрана на грубост.

Благоста има висока положба меѓу моралните особини.

Оној што е благ заслужува убав спомен и голема награда од Возвишениот Аллах.

Ес-Синди рекол: „Грубоста е спротивност на благоста. Оној што ги повикува луѓето кон упатството со кроткост и нежност е подобар од оној што повикува со грубост и строгост доколку се работи за средина која ги прифаќа и двата пристапа. А ако не, треба да се избере онаа метода што луѓето полесно ќе ја прифатат. Аллах најдобро ја знае вистинската состојба.“

التصنيفات

Добри морални особини