إعدادات العرض
„Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“
„Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: Мајка ми – ќерката на Реваха – побара од татко ми да му подари нешто од својот имот на нејзиниот син. Тој одложуваше една година, а потоа се согласи. Таа рече: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на дар што ѝ го дадов на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговори: „Да.“ Тој рече: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Аллаховиот пратеник рече: „Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим се вели: „Тогаш земи некој друг за сведок.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili සිංහල ગુજરાતી Magyar ქართული Română ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека неговата мајка, Амра бинт Реваха, Аллах нека е задоволен со неа, побарала од татко му да му подари нешто од својот имот на нивниот син. Тој го одложувал тоа цела година, а потоа решил да ѝ удоволи и да му подари нешто на неговиот син Нуман. Тогаш таа рекла: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – а тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на подарок што сакам да му го дадам на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговорил: „Да.“ Пратеникот праша: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Во тој случај, не ме земај за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим стои дека со укор му рекол: „Тогаш земи некој друг за сведок на таа неправда.“فوائد الحديث
Праведноста меѓу синовите и ќерките при дарѕвање е задолжителна, додека кога станува збор за издршката – таа се одредува според потребите на секое дете поединечно, во согласност со неговата состојба.
Давањето предимство на едно дете пред другите при подарок претставува неправда и е забрането; за таков чин не е дозволено да се сведочи – ниту да се преземе, ни да се пренесе (сведочењето).
Ен-Невеви рекол: „Треба да се постапува еднакво кон сите деца при дарување – секое дете да добие исто, без разлика дали е машко или женско. Некои од нашите учени сметаат дека машкото треба да добие колку две женски, но правилното и преовладувачко мислење е дека треба да се изедначат, работејќи според јасното значење на хадисот.“
Секој пропис што е спротивен на шеријатот се смета за неважечки и не се спроведува.
Судијата или муфтијата треба да постави дополнителни прашања кога ситуацијата бара појаснување – како што укажува прашањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Дали на сите им подари исто како и нему?“
Ен-Невеви вели: „Овој хадис е доказ дека таткото има право да се предомисли и да го поврати подарокот што му го дал на своето дете.“
Наредба да се постапува на начин што води до љубов и слога меѓу браќата и сестрите, и предупредување од сè што може да предизвика омраза меѓу нив или да доведе до непочитување кон родителите.
التصنيفات
Издржување на децата