„Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“

„Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата, а по него влегол еден човек кој клањал два реката пребрзо – не практикувајќи смиреност ниту при стоењето, ниту на руку, ниту на сеџда. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го набљудувал додека клањал. Кога завршил, човекот му пришол на Пратеникот, кој седел во еден дел од џамијата, и го поздравил со селам. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно му пришол и го поздравил со селам. Пратеникот пак му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Ова се повторило трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори го почетниот текбир. Потоа изрецитирај ја сурата Ел-Фатиха и она имаш можност од Куранот. Потоа оди на руку и остани таму смирено: положи ги дланките на колената, исправи го грбот и држи се постојано во таа положба. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправен и коските не се вратат на своето место. Потоа падни на сеџда и смири се на неа: постави го челото и носот, двете дланки, колената и прстите од нозете цврсто на земја. Потоа седи помеѓу двете сеџди – сè додека не се смириш во седењето. И прави го тоа во секој рекат од твојот намаз.“

فوائد الحديث

Овие рукнови на намазот не смеат да изостанат ниту поради заборав, ниту поради незнаење – доказ за тоа е што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му наредил на човекот повторно да клања и не се задоволил само со појаснување на грешката.

Смиреноста е еден од рукновите/столбовите на намазот.

Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис укажува дека намазот не е исправен доколку се изостави некој од неговите задолжителни делови“

Имамот ен-Невеви рекол: „Хадисот укажува колку е важно со нежност, трпеливост и јасно објаснување да му се пристапи на оној што учи или не знае – така што ќе му се пренесе суштината без да се оптоварува со споредни детали што не може да ги запамети или да ги практикува.“

Имамот ен-Невеви рекол: „Од хадисот се заклучува дека ако муфтијата (учениот што дава верски одговори) биде прашан за нешто, а забележи дека прашувачот има потреба и од нешто друго што не го спомнал – препорачливо е да му укаже и на тоа. Ова се смета за искрен совет и поука, а не за мешање во нешто што не те засега.“

Доблесно е човекот да признае дека нешто не знае – а доказ се зборовите: „Не знам подобро од ова, па подучи ме!“

Ибн Хаџер рекол: „Хадисот укажува на обврската да се наредува доброто и да се забранува лошото, како и на правото на ученикот да побара од учителот да го подучи.“

Од хадисот исто така произлегува:

– Препорачливоста на поздрав со селам при средба,

– Обврската да се возврати на селамот,

– Препорачливоста селамот да се повтори при секоја средба, дури и ако поминало малку време,

– И обврската да се возврати на селамот секојпат посебно.

التصنيفات

Опис на намазот