„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена

„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена

Од Уму Дерда и Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со нив, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел: „Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена. Кај неговата глава стои мелек задолжен за тоа; секогаш кога тој ќе замоли добро за својот брат, задолжениот мелек вели: ,Амин, и за тебе исто така.’“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е примена, затоа што тоа е најјасен израз на искреност. Кај главата на оној што прави дова стои задолжен мелек, кој секојпат кога тој ќе замоли добро за својот брат, вели: „Амин, и за тебе нека е истото што го замоли за твојот брат.“

فوائد الحديث

Поттик за верниците да прават добро еден на друг – дури и преку дова.

Довата во отсуство на братот верник е јасен показател за искреноста на иманот и вистинското братство.

Посебната вредност на довата во отсуство е во тоа што таа е најсилен израз на искреност и присуство на срцето.

Една од причините за примање на довата е кога муслиманот прави дова за својот брат во негово отсуство.

Ен-Невеви рекол: „Вредноста на довата за братот муслиман во негово отсуство. Дури и ако човекот дови за група муслимани, ја добива истата награда. А ако дови за сите муслимани – очигледно е дека и тогаш ја добива. Некои од првите генерации, кога сакаа да направат дова за себе, најпрво правеа дова за својот брат муслиман – бидејќи таа дова се прима, а нему му се запишува истото.“

Хадисот укажува и на дел од задачите на мелеците, меѓу кои има и такви што Аллах ги задолжил со оваа должност.

التصنيفات

Верувањето во мелеците, Вредноста на довата