„Забрането ни беше (нам, на жените) да следиме џенази, но забраната не беше строго изречена.“

„Забрането ни беше (нам, на жените) да следиме џенази, но забраната не беше строго изречена.“

Уму Атија, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Забрането ни беше (нам, на жените) да следиме џенази, но забраната не беше строго изречена.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Уму Атија ел-Енсарија, Аллах нека е задоволен со неа, објаснува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на жените да ги следат џеназите. Причината за тоа е стравот од фитна – и за нив и од нив – поради нивната природна чувствителност и потешкото поднесување на ваквите тажни моменти. Потоа таа појаснува дека забраната не била со иста строгост како другите јасно забранети дела.

فوائد الحديث

На жените им е забрането следење на џеназите, што опфаќа придружба при подготовка и клањање на џеназата, како и одење до гробиштата за време на погребот.

Причината за забраната е нивната поизразена емоционалност, па можат да покажат претерана тага или незадоволство, што е спротивно на задолжителното трпение.

Основното правило е дека забраната означува харам, но Уму Атија, Аллах нека е задоволен со неа, од контекстот сфатила дека оваа забрана не била строга. Сепак, постојат и други хадиси кои укажуваат на посилна строгост во забраната жените да ги следат џеназите, отколку што се подразбира само од овој хадис.

التصنيفات

Укажување на термините и методи на изведување заклучоци од нив, Посета на гробиштата