,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да…

,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Еднаш додека Џибрил седеше кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се слушна чудно шкрипење одозгора. Џибрил ја крена главата и рече: ,Ова е врата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.‘ Од неа слезе еден мелек, па Џибрил рече: ,Ова е мелек кој денес слегува на Земјата – никогаш порано не слегол.’ Мелекот се поздрави со селам и рече: ,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Мелекот Џибрил, алејхис селам, седел кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога одеднаш се слушнало шкрипење од небото – како шкрипење на врата што се отвора. Џибрил ја кренал главата и погледнал кон небото, па му рекол на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Ова е вратата од небото што денес се отвори, а никогаш претходно не била отворена.“ Од таа врата слезе мелек на Земјата, кој никогаш порано не слегол. Му пријде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го поздрави со селам и рече: „Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а кои ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните два ајета од сурата Ел-Бакаре. Нема да ги изговориш, па дури ни една буква од нив, а Аллах да не ти го даде она што е ветено во нив – доброто, довата и она што го бараш со нив.“

فوائد الحديث

Вредноста на сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакарe, и поттик тие да се рецитираат редовно и да се постапува според она што тие го содржат.

Небото има врати од кои се спуштаат Аллаховите одредби, и тие се отвораат единствено со Негова дозвола.

Истакнување на почеста на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кај неговиот Господар – бидејќи Аллах го одликувал со нешто со што не ги одликувал претходните пратеници: Му ги подарил овие две светла.

Една од методите на повикувањето е на луѓето да им кажуваме радосни вести за награди за добрините.

التصنيفات

Доблести на сурите и ајатите, Мелеците