إعدادات العرض
„Раката се отсекува за кражба во вредност од четвртина динар или повеќе.“
„Раката се отсекува за кражба во вредност од четвртина динар или повеќе.“
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Раката се отсекува за кражба во вредност од четвртина динар или повеќе.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português മലയാളം Kurdî Tiếng Việt অসমীয়া Nederlands Kiswahili ગુજરાતી සිංහල Magyar ქართული Română ไทย తెలుగు मराठी دری አማርኛ Malagasyالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека на крадецот му се отсекува раката ако украде нешто што има вредност од најмалку четвртина златен динар или повеќе. Таа сума денес соодветствува на околу 1,06 грама злато.فوائد الحديث
Кражбата спаѓа меѓу големите гревови.
Возвишениот Аллах ја пропишал казната за крадецот со отсекување на раката, како што вели во Неговиот говор: „На крадецот и на крадачката отсечете им ги рацете нивни.“ (Ел Маиде, 38)
Сунетот ги појаснува условите под кои се спроведува оваа казна.
Под „рака“ во хадисот се мисли на отсекување на дланката – од зглобот, помеѓу дланката и подлактицата.
Мудроста во пропишувањето на оваа казна е заштитата на имотот на луѓето и одвраќањето на другите од напад и узурпација на туѓи права.
Динарот е мерна единица за тежина на злато и изнесува приближно 4,25 грама со чистота од 24 карати. Според тоа, четвртина динар е околу 1,06 грама злато.
التصنيفات
Казна за кражба