„Никој не треба да биде казнет со повеќе од десет удари, освен ако станува збор за казна од Аллаховите казни.“

„Никој не треба да биде казнет со повеќе од десет удари, освен ако станува збор за казна од Аллаховите казни.“

Од Ебу Бурда ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека слушал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Никој не треба да биде казнет со повеќе од десет удари, освен ако станува збор за казна од Аллаховите казни.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил некој да се казнува со повеќе од десет удари, освен ако станува збор за грев. Ова не се однесува на казните за кои шеријатот точно пропишал број на удари или конкретна санкција, туку на воспитните мерки, каде што не е дозволено да се премине границата од десет удари.

فوائد الحديث

Аллаховите граници – она што Тој го наредил или забранил – имаат казни кои служат како средство за одвраќање од нивно прекршување. Некои од нив се строго утврдени во шеријатот, додека за другите, нивната примена и одредување проценката му се препушта на владетелот, во зависност од состојбата и јавниот интерес.

Воспитната казна треба да биде лесна – онолку колку што е доволно како насока и опомена – и не смее да надмине десет удари, доколку воопшто има потреба од неа. Сепак, подобро е воспитувањето да се постигне без примена на сила, туку преку поучување, насочување, советување и охрабрување – бидејќи тоа повеќе поттикнува на прифаќање и внесува благост во процесот на поучување. Состојбите во вакви случаи се разликуваат, па треба да се избере она што е најкорисно и најсоодветно за конкретната ситуација.

التصنيفات

Прописи за тазир - казни што ги одредува судијата